ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2023 - ТУНИС
Берлин

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

  1. Март (Сабота) СКОПЈЕ - БЕРЛИН

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 11:30 часот. Полетување за Берлин во 13:15 и пристигнување во 15:45 часот. Организиран трансфер и сместување во Хотелот. Попладневна прошетка во стариот дел на Берлин, со тесни улички со калдрма и многубројни продавници за сувенири, антикварници, ресторани и традиционални пивници.  Ноќевање.

 

  1. Март (Недела) БЕРЛИН

Појадок. Препорачуваме посета на Музејскиот остров со 5 музеи. Последниот изграден и можеби највреден музеј е Пергамон, завршен во 1930 година, кој изложува реконструкции во оригинална големина на монументални антички згради, како што се Пергамонскиот олтар, портата Иштар на Вавилон и портата на пазарот во Милет. Овие реконструкции се состојат од оригиналните делови пренесени од местата каде се пронајдени. Слободно време за посета на една од најголемите европски зоолошки градини каде влезницата може да се комбинира со посета на Аквариумот. Вечерта,  можност за вкусување на познатите берлински специјалитети, зачинет колбас со кари, или печена свинска коленица, со познатото германско пиво... Ноќевање.

 

  1. Март (Понеделник) БЕРЛИН

Појадок. Организирана прошетка во центарот на градот, Плоштадот на Републиката, Германскиот Парламент Бундестаг, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Плоштадот Александерплац со највисоката ТВ кула Фернзетурм, Црквата Св. Никола, Дворецот Шарлотенбург познат по прекрасниот уреден парк, Олимпискиот Стадион, Плоштадот Потсдам, Еврејскиот музеј, легендарниот некогашен граничен премин помеѓу Источниот и Западниот Берлин – наречен Чарли, Берлинскиот ѕид... Слободно време за шопинг по Булеварот Курфурштендам и незаобиколната стоковна куќа KaDeWe. Ноќевање.

 

  1. Март (Вторник) БЕРЛИН - ПОТСДАМ - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Потсдам, бранденбуршка престолнина, некогашна резиденција на Пруските кралеви и летна резиденција на Фредерик Велики. Гратчето денес изобилува со прекрасни пејсажни убавини, паркови и кралски палати кои се на листата на УНЕСКО. Палатата Сансуси е изградена во рококо стил, како пандан на познатиот француски дворец Версај, во обид за тогашниот Крал, да обезбеди место настрана од вревата и формалностите на берлинскиот двор. И самото име во превод значи “безгрижен”. Палатата ја красат 12 различни гламурозни и тематски простории, опколена е со прекрасен парк кој каскадно се простира низ дворовите со многубројните фонтани... Организиран трансфер до Аеродромот во Берлин. Полетување за Скопје во 16:10 часот и пристигнување во 18:30 часот.

 

За уплата до 15 Февруари: 399 евра   (24.750 денари)   

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 449 евра  (27.850 денари)    

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Берлин – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
  • Трансфер во Берлин од Аеродромот до Хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел 3/4* во  Берлин на база 3 ноќевања со појадок
  • Прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за уште 1 торба/куферза рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 
  • Доплата за куфер за чекирање (со максимум 20kg)
  • Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Факултативна посета на Потсдам (со вклучена влезница за Палатата Сансуси) 65евра
  • Организиран разглед на Берлин со посета на Бундестаг 25 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко - здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето