ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - Ост. Пукет
Ост. Пукет

Термин: 25 декември 2019 / 10 дена - 7 ноќи | Авион

 

1ден/ 25.12 (среда) СКОПЈЕ - ДОХА - ПУКЕТ
Полетување од Скопје кон Доха во 11:55ч. Пристигнување во Доха во 18:50 локално време. Полетување кон Пукет во 20:15 локално време.

2ден/ 26.12 (четврток)  ПУКЕТ
Пристигнување во Пукет наутро, во 07:05 часот локално време. Пречек во Пукет од страна на локалните партнери и трансфер до хотел. Сместување во хотел Ashlee Hub Hotel Patong Phuket 4* /Millennium Resort Patong Phuket 5* во Патонг (или сличен). Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3ден/ 27.12 (петок)  ПУКЕТ
Појадок во хотел
. Слободно време за индивидуални активности и уживање на најпознатата плажа на Пукет – Patong beach. Насладете се со бескрајните песочни бели плажи, многубројните угостителски објекти каде преку традиционалната храна ќе го почуствувате духот на Тајланд, продавници во кои локалните жители ќе Ве пречекаат со топла насмевка и незаборавни забави во текот на ноќта. Едноставно, препуштете се во ритамот на еден од најубавите острови на Андаманското море. Ноќевање.

4ден/ 28.12 (сабота)  ПУКЕТ
Појадок во хотел
. Слободно време за индивидуални активности или предлог факултативен излет. *Целодневен излет до Phi Phi Islands со брз брод (90 евра по лице). Ноќевање.

 5ден/ 29.12 (недела)  ПУКЕТ
Појадок во хотел
. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

6ден/ 30.12 (понеделник)  ПУКЕТ 
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или предлог факултативен излет. *Целодневен излет до заливот Phang Nga со брз брод и кану (90 евра по лице). Ноќевање

7ден/ 31.12 (вторник)  ПУКЕТ ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2020***
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови следува Гала Вечер по повод дочек на Новата 2020 Година (пијалоци не се вклчуени во пакетот). СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!. Ноќевање

8ден/ 01.01 (среда)  ПУКЕТ 
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

9ден/ 02.01 (четврток)  ПУКЕТ
Појадок во хотел
. Слободно време за индивидуални активности. Во однапред договорено време следува организиран трансфер до аеродромот во Пукет за лет кон Доха. Полетување кон Доха во 19:40. Слетување во 23:30 часот.

10ден/ 03.01 (петок)  ПУКЕТ - СКОПЈЕ
Полетување од Доха кон Скопје во 07:15ч. Слетување на аеродромот во Скопје во 10:55ч.

 Цена на аранжманот:  1.070€ / 66.340мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
Авио билет на релација Скопје-Доха-Пукет-Доха-Скопје со Qatar Airways;
Аеродромски такси;
Рачен багаж до 7кг;
Чекиран багаж до 30кг;
7 ноќевања со вклучен појадок во хотел со 4* или 5* на Patong Beach во Пукет
Повратен трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром;

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Виза за Тајланд – 90 евра по лице ;
Бакшижи за водичи, возачи и ресторани;
Индивидуални трошоци;
Дополнителни екскурзии, оброци и пијалоци кои не се напоменати во програмата;
Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција)

Напомена:
За ова патување е потребна патна исправа со валидност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот или сместувачкиот објект, агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот;
За резервација е потребна уплата на 50% депозит кој е неповратен  во случај на отказ од страна на корисниткот на услугата;
Доплата на аранжманот 30 дена пред реализација на истиот.

Потребни документи за виза:
Формулар за виза;
Биометриски пасош (валидност повеќе од 6 месеци);
1 слика пасошки формат;
Копија од авиобилет;

РОКОВИ ЗА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ И ПЕНАЛИ:
над 60 дена пред датумот на реализација се задржува износот на депонираниот депозит;
помеѓу 60-тиот и 30-тиот ден пред датумот на реализација се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
помалку од 30 дена пред датумот на реализација се задржува 100% од вредноста на аранжманот.