ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Мадрид

8-МИ МАРТ ВО МАДРИД

05.03.2020 - 08.03.2020

Мадрид– метропола во самото срце на земјата, со широки булевари, импресивни палати во стакло и гипс, пространи плоштади, раскошни фонтани, паркови, цркви и култирно историски споменици...
Мадрид, познат по својата блескава бела Кралска Палата, по зелените оази во Ретиро паркот, по своите музеи ...но, многу повеќе зрачи поради луѓето што живеат таму, љубезни и гостољубиви, секогаш расположени за разговор. Град познат по сиести и попладневен одмор а навечер по преполни барови и ноќни клубови ...кој бил, знае

ПРОГРАМА 

1 ден: (05.03.2020 - четврток) | Скопје/Софија – Мадрид

Состанок на групата во договорено време и место во Скопје. Се патува со организиран превоз до аеродромот во Софија. Полетување за Мадрид во 17:00 ч, пристигнување во Мадрид во 19: 55 ч. Следува организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден: (06.03.2020 - петок) | Мадрид

Појадок во хотел. По појадокот предвиден е панорамски разглед на градот со локален водич: Шпански плоштад, Гран Виа, Пуерта дел Сол, Плаза Мајор (главен плоштад), Кралската Палата - Фасадата на палатата е уникатна, импрегнирана со различни архитектонски стилови, од барок во ориентален стил. Внатрешноста е украсена со делата на големите креатори: Караваџо, Веласкез и Гоја. Во палатата има збирка виолини Страдивариус и античко оружје. Во замокот има соба од порцелан, каде што целата внатрешност е направена од порцелан.Во кралската палата се наоѓа и познатата соба на огледала. Отворена е за посетители, само повремено има официјални церемонии...Понатаму може да се види Пуерта де Толедо, светски познатиот парк Ретиро, плоштадот Сибелес, Саламанка, стадионот Сантијаго Бернабе ...Слободно време за индивидуални прошетки.Враќање во хотел. Ноќевање.

 3 ден: (07.03.2020 -  сабота) | Толедо

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативна екскурзија до Толедо, средновековната престолнина на Шпанија, на 70 километри од Мадрид. Според легендата таа била основана од еврејски колонисти 540 години п.н.е  кој му го дале своето име. Турбулентната и интересна историја, нациите што го освоиле (Римјаните, Визиготите, Маварите..) оставиле белег во севкупниот развој на градот. Тука се изградени некои од поважните цркви, синагоги и џамии. Главен град останал  до 1561, кога славата и карактерот биле превземени од Мадрид. Толедо е исто така познат како град во кој живеел и создавал познатиот сликар, скулптор, архитект и писател Ел Греко (потекло од Крит) кон крајот на 16-ти и почетокот на 17-ти век ...Враќање во Мадрид. Ноќевање.

4 ден: (08.03.2020 - недела) | Ел Ескоријал - Мадрид – Софија/Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности или полудневна екскурзија до градот Сан Лоренцо де Ел Ескориал, 45 км од Мадрид. Овој импозантен комплекс е историска резиденција на шпанските кралеви и е симбол на шпанската моќ во 16 век, но во исто време служи како манастир, музеј и училиште. Тој бил изграден од страна на Филип II за време на неговото владеење, во средината на 16-ти век. Благодарение на големите резерви на злато од ново освоените територии на Новиот свет, Америка, УНЕСКО го наведе на листата на Светското културно наследство во 1984 година. Во подножјето на крстот е гробот на Френк. Враќање во Мадрид, трансфер до аеродром.Полетување за Софија во 20:05, слетување во 01:15 ч.Организиран трансфер до Скопје, пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНA: 359 € (22.258 мкд.)– ЗА ПРВИТЕ 6 МЕСТА

ЦЕНА ЗА ЛИЦЕ КОЕ НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАИТИВИ: 409 € (25.358 мкд.)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Трансфер Скопје – Софија - Скопје
  • Лет на релација Софија - Мадрид - Софија;
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси по лице - 3.990 денари;
  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Доплата за еднокреветна соба;
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Влезници во локалитети;
  • Патничко осигурување;

ФАКУЛТАТИВИ :

  • Панорамски разглед со локален водич – 30 €
  • Целодневна посета на Толедо (автобуски превоз + локален водич) – 55 €
  • Полудневна посета на Ел Ескориал (автобуски превоз) – 45 €
  • Факултативна посета на Фламенко – 50 €
  • Туристичка такса ;

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

Пријавување за факултативи при резервација (минимален број на патници за реализација - 16)

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ