ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
Соко Бања

 

термин: 06.03 - 2ноќи | 79 / 4.900мкд


Празнична Викенд понуда / Сокобања


06-08 Март 2020 / 2 полни пансиони + свечена вечера

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини - од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Соко Бања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух.  Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.

Програм на патување

1ден/ 06.03 (петок) ШТИП/СКОПЈЕ - СОКОБАЊА
Поаѓање од Штип пред Стадионот во 05:00 часот. Поаѓање од Скопје пред Хотел VIP (наспроти саем) во 06:00 часот. Попатно од Куманово (бензинска пумпа Макпетрол - автопат) во 07:00 часот. Излез на граничниот премин Табановце со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Сокобања околу пладне. Tрадиционален коктел за добредојде. Сместување во xотел Banjica 3*. Ручек во хотелот. Слободно време за одмор. Вечера. Ноќевање.

2ден/ 07.03 (сабота) СОКОБАЊА
Појадок. После појадокот, заминување на пешачки разглед низ центарот на Соко Бања и излетничкото место Лептерија. Враќање во хотел. Ручек. Слободено попладне за одмор или индивидуални активности или релаксација во базенот и џакузито на хотелот. Вечерта, свечена осмомартовска вечера со жива музика и богато мени. Ноќевање. 

3ден/ 08.03 (недела) СОКОБАЊА - СКОПЈЕ/ШТИП
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот. Слободно време до поаѓање за Македонија во 12:30 часот. Пристигнување во Скопје/Штип во вечерните часови.

 

хотел BANJICA 3* - Сокобања

цена по лице за  2 полни пансиони и превоз
(појадок / ручек / свечена вечера со жива музика)

цена на аранжманот:  89€ / 5.500мкд

за уплата до 30.12.19: 79€ / 4.900мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено: 

- Сместување во DBL/TRPL соби во хотел Banjica 3* во Сокобања;
- 2 полни пансиони (појадок/ручек/Свечена вечера со музика);
- Оганизиран превоз на наведената релација со автобус/минибус;
- Wellness центар (солена соба / џакузи / базен...);
- Вклучена туристичка такса.

Попусти и доплати:

- Деца од 2-12год. - 1000мкд попуст;
- Доплата за неограничени пијалоци за време на Свечената вечера - 5€ (се плаќа на лице место);
- Патничко осигурување - 150мкд.

Напомена: 

За овој аранжман може да се патува и само со лична карта.
За уплата, задолжително во денарска противвредност 1€ - 62 мкд.
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 45 патници.