ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
Thassos - Vila B Home - Limenaria
Vila B Home - Limenaria

15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И УПЛАТА ДО 15.01.2020

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА СО 40% АВАНС И ДОПЛАТА ДО 01.05.2020

Се наоѓа на главниот пат во Лименарија, на околу 100 m од централната крстосница, околу 200 m oд центарот и околу 400 m oд градската плажа. Куќата B Home е модерен објект, изграден пред неколку години. Со својот внатрешен и надворешен изглед и опременоста, ќе ги задоволи и најпробирливите. Куќата располага со 11 сместувачки единици, студија и апартмани, убаво опремени. Секоја сместувачка единица е опремена на свој начин и поинаква од останатите.  Сите сместувачки единици се наоѓаат на приземје и кат опремени со мини кујна, купатило со туш кабина, клима уред, LCD TV, балкони со гарнитури за седење. Собите се чистат секојдневно, а замена на постелнината и пешкирите е на три дена. Од заедничките простории тука се холот, рецепцијата, уредениот двор каде што е базенот со лежалките и чадорите, како и паркинг спроти куќата. Во близина се и супермаркет, пекарница, месарница, доктор. На околу 2 km оддалеченост е живописното место Пефкари, а на 3 km е Потос. Напомена: Во сместувачките единици е забрането приготвување на риба!

 

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 10 НОЌЕВАЊА

Тип на сместување

23.05.-
02.06.

02.06.-
12.06.

12.06.-
22.06.

22.06.-
02.07.

02.07.-
12.07.

12.07.-
22.07.

22.07.-
01.08.

01.08.-
11.08.

11.08.-
21.08.

21.08.-
31.08.

31.08.-
10.09.

10.09.-
20.09.

20.09.-
30.09.

1/2 studio

195

275

365

465

545

605

645

645

645

565

395

295

195

1/3 studio

205

295

395

495

575

635

675

675

675

595

425

315

205

1/4 app (ниско приземје)

235

365

505

665

735

815

865

865

865

705

565

385

235

1/4 app

255

395

535

695

765

845

895

895

895

735

595

415

255

две деца до 10 г. неполни можат да користат еден кревет. Дете 0-3 г неполни може да престојува без сопствен кревет

Користење на интернетот и пешкирите бесплатно

Доплата за користење на клима уредот е 5 ЕУР на ден

АГЕНЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ГАРАНТИРА БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТОТ И НЕ Е ОДГОВОРНА ВО СЛУЧАЈ НА СЛАБ СИГНАЛ И СНЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ЗАРАДИ ТЕХНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРЧКИТЕ ОПЕРАТОРИ

 

Тип на сместувачки единици:

1/2 студио - во една просторија чајна кујна и еден брачен кревет или два единечни

1/3 студио - во една просторија чајна кујна и еден брачен кревет и еден единечен кревет

1/4 апартман – во една просторија чајна кујна и два единечни легла, во другата просторија еден брачен кревет
Во некои случаи можно е отстапување на димензиите на лежаите од нашите стандарди.

 

СОДРЖИНА НА КУЌАТА: WI-FI, двор, базен

СОДРЖИНА НА СТУДИЈАТА: Wi-Fi, чајна кујна, фрижидер,  гарнитура за седење на балкон, купатило, LCD TV, пешкири

СОДРЖИНА НА АПАРТМАНИТЕ: Wi-Fi, чајна кујна, фрижидер,  гарнитура за седење на балкон, купатило, LCD TV, пешкири

 

Tаксата за престој во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот)!

За валидна резервација без попуст е потребна уплата од мин. 40% од вкупната сума во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 20 дена пред поаѓање.