ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски програми - Шри Ланка - 05.12. - 14.12.2026
Шри Ланка - 05.12. - 14.12.2026

Шри Ланка, остров, кој поради својата местоположба - јужно од Индија и поради својата форма, се нарекува и „солза на Индија“. Опкружен со Индискиот Океан, островот е дом на бескрајни песочни плажи, многу лагуни и големи површини со тропски шуми.

Поради својата богата природа и совршена клима, со векови била мета на разни освојувачи и колонијални сили.

Денешното име доаѓа од зборот „ланка“, што значи остров, додека зборот „шри“ значи свето.

Откријте ги тајните на Шри Ланка, островот сличен на дијамант и почувствувајте го гостопримството преку насмевките на неговите домаќини.

Шри Ланка е исто така богата со разновидна флора и фауна. Дури 27% од растенијата и 22% од животните на островот се ендемски видови, уникатни за таа област. Мешавината од егзотични вкусови и ароми што ги проткајуваат модерните и традиционалните јадења, прекрасните пејзажи исполнети со антички градби и рајските плажи полни со патници од целиот свет, желни за забава, ќе го направат патувањето низ оваа земја незаборавно.

Островот се смета за еден од најубавите предели во светот. За релативно мал остров, тој има впечатлива културна и природна разновидност. Со самото стапнување на островот, вашите сетила ќе бидат преплавени од топлиот тропски воздух, опојната арома на зачините и егзотичните овошја, како и светлите бои на дивите цвеќиња. Патувајќи ќе се сретнувате со плантажи со чај, кокосови шуми, бујната тропска џунгла, бројни водопади, езера, планини. Убавините на Шри Ланка ќе ги запознавате и преку истражување на областа Дамбула, карпите Сигирија и колонијалните градови Канди и Гале. Преку посетата на древните храмови од минатите цивилизации, возејќи шарен Тук-Тук, ќе ѕирнете и во прекрасни ботанички градини со зачини и орхидеи, запознавајќи го традиционалното село и можноста за берење чај на плантажа.

За време на вашето патување ќе имате можност да сретнете и слонови во нивното природно живеалиште, како и разиграни мајмуни кои слободно се движат низ националните паркови, храмови и џунгли. Целата таа тропската природа, водопадите и зеленилото ќе создаваат сцени како од филм.

Ова патување е идеално за оние кои бараат комбинација од авантура, природна убавина и релаксација на рајските плажи со златен песок.

 

План и програма: 05.12. - 14.12.2026

 

05.12.2026 (Сабота) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - ШРИ ЛАНКА

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07.30 часот. Полетување за Истанбул во 09:15 и пристигнување во 12:50 часотПолетување за Шри Ланка во 19:35.

 

06.12.2026 (Недела) АЕРОДРОМ КОЛОМБО – КЕГАЛЕ (Пинавала) – СИГИРИЈА

Пристигнување во 06:10 часот по локално време. Добредојдовте во Шри Ланка! Нашиот претставник ќе ве пречека на аеродромот и заедно ќе се впуштите во „незаборавна авантура“ oткако предходно ќе имате пауза за одмор и појадoк во локален ресторан. Следна нашата станица е Фондацијата „Милениумски слонови“, организација и добротворна организација основана за спасување и грижа за азиски слонови. Можност да комуницирате со слоновите на начин што е безбеден и одговорен и за луѓето и за слоновите, додека учите за историјата и фактите за нив. Ќе им помогнете на слоновите да се искапат, нахранат, да ги запознаете нивните живеалишта и ќе имате многу можности за фотографирање. Заедно ќе се впуштиме и во прошетка со слонот, додека учиме и го набљудуваме природното негово однесување. Ќе направиме чекор кон „одговорен туризам“, каде што можеме да се восхитуваме на овие извонредни суштества заедно без да го нарушиме нивниот животен простор или да го ограничиме нивното движење. Можете исто така да посетите и фабрика, каде што се прави хартија од слонов измет. Слободно време за ручек. Го продолжиме патувањето кон север кон Сигирија, пристигнување и сместување во хотел. Време за одмор. Ноќевање.

 

07.12.2026 (Понеделник) СИГИРИЈА - ХАБАРАНА

Појадок. Нашата прва станица денес ќе биде Сигирија. Сигирија – ,,Лавовската карпа е камена тврдина висока 200 метри - архитектонско ремек-дело. Се издига над џунглата, а на врвот се наоѓаат остатоците од она што некогаш било голем и луксузен дворец од 5 век. Огромна статуа на лав некогаш стоела на влезот во тврдината, но денес е зачувана само неговата шепа. Тука владеел Кралот Касјапа. Можеме да се видат остатоците од кралството и познатите секуларни фрески, за кои се вели дека ги прикажуваат кралските сопруги. Од некогашните петстотини фрески, зачувани се само дваесет и две. Сигирија е исто така на листата на светско наследство на УНЕСКО. Место за преубави фотографии и можност за искачување на врвот (1200 скали) доколку сте во добра кондиција. Иако искачувањето по скалите е малку напорно, вреди да го направите тоа, бидејќи погледот од карпата на околната густа џунгла во подножјето е величествен.

Во Хабарана, ќе се потопиме во локалниот живот и ќе посетиме едно од селата, до кое ќе одиме со волска кочија, која се користи до ден денес. Во минатото, тоа било добро познат начин на транспорт за локалните аристократи, но денес ова возило станало поврзувачка нишка помеѓу минатото и сегашноста. Го завршуваме возењето кај природниот резервоар, следи префрлање во кануа, веслајќи до другата страна на езерото. Потоа посета на едно село, во куќата и имотот на едно локално семејство, каде ќе се запознаеме со нивниот начин на живот, традиција и обичаи. Тие ќе ни подготват традиционален селски ручек. Враќање во хотел. Време за одмор или прошетка во селото. Ноќевање.

 

08.12.2026 (Вторник) СИГИРИЈА – МАТАЛЕ – КАНДИ

Појадок. По појадокот продолжиме кон Канди! Првиот споменик што нè чека е Дамбула - Златниот камен храм изграден во 1 век п.н.е.-најголемиот храм издлабен во карпа на островот. Ќе се искачиме по 364-те скалила до храмот, сè до врвот, каде нè очекува прекрасен поглед и влез во Камената пештера. Таванот на пештерата е покриен со фрески што потекнуваат од будистичката митологија и раскажуваат приказни за Буда. Пештерата содржи најголема колекција на статуи на Буда на островот.

Задолжителна станица е во една од познатите градини со зачини, каде што ќе научите многу за разни егзотични и непознати зачини, мириси и вкусови, како и за нивната употреба во шриланканската кујна и ајурведската медицина.

Нашата следна дестинација ќе биде Матале, град познат по својата културна разновидност, кој е сликовито претставен од огромниот хиндуистички храм на Шри Мутумари Аман, споменик на хиндуистичката култура. Храмот е посветен на Маријаман, божицата на дождот и плодноста.

Денот го завршуваме со посета на храмот Далада Малигава - Храмот на светиот заб на Буда. Забот бил донесен од Индија во Шри Ланка во 4 век , а го донела принцезата Хемамала криејќи го во својата коса, приказна која ќе ја слушнете од локалниот водич. Тоа е едно од најсветите места за будистите не само во Шри Ланка, туку и воопшто. Храмот е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Каде ќе се проследи и традиционалниот верски ритуал „пуџа“. Сместување во хотел во Канди. Ноќевање.

 

09.12.2026 (Среда) КАНДИ

Појадок. Денешниот ден ќе го поминеме во живописната културна и академска престолнина на Шри Ланка, градот Канди. Започнуваме со Удавата келе, кралската џунгла во градот, богата со локална вегетација, а продолжуваме со посета на фабрика за скапоцени камења, по кои е познат островот, каде ќе ви биде претставен процесот на преработка. Потоа, следи посета на локалниот пазар, каде ќе се потопиме во шарениот свет на зачини, мириси, овошје, зеленчук и други типични производи како кожа, дрво... Прошетка околу познатото езеро Канди каде живеат многу разновидни суштества и тоа пеликани, желки, патки, гуштери...

Ќе следи гледање претстава, на талентирани танчери од Шри Ланка кои ќе ја претстават својата култура преку традиционални танци. Особено импресивен е уникатниот танц наречен „Кандиски танц“ придружен со традиционални тапани. Ноќевање.

 

10.12.2026 (Четврток) КАНДИ – НУВАРА ЕЛИЈА - ЕЛА

Појадок. Продолжуваме кон Нувара Елија. Посетуваме фабрика за чај, можност одблизу да го разгледаме процесот на производство на најпопуларниот пијалок во светот - ,,Дали некој би сакал шолја чај?“ Дегустацијата и купувањето е можно во продавницата на фабриката. На патот, ќе имаме поглед на ридовите покриени со плантажи со чај, истовремено гледајќи ги собирачите на чај, набљудувајќи ги и малите тамилски села. Незаборавно и зачудувачко искуство. Нувара Елија е позната како „Мала Англија“ и дури и денес гордо ја прикажува интересната архитектура што е вкоренета тука уште од времето на англиската колонизација. Тука можете да ја видите познатата розова пошта, езерото Грегори и познатиот хотел Гранд.

Денот го продолжуваме со патување со воз, кое започнува од Нану Оја до Ела и е едно од највозбудливите патувања со воз не само во Шри Ланка, туку и во светот. Возењето ви нуди прекрасен поглед на живописната околина. Возот се ,,вивнува“ низ планините со поглед на фарми и села и секако прекрасните плантажи со чај. Прситигнување и се сместување во хотел во Ела. Ноќевање.

 

11.12.2026 (Петок) ЕЛА – ГАЛЕ - ХИКАДУВА

Појадок. Скриено во маглата на висорамнините на Шри Ланка, помеѓу идилични зелени ридови и водопади, се наоѓа Ела. Покрај природната убавина, селото е познато и по ајурведските масажи. Денес ќе ја истражиме Ела и ќе се искачиме на блискиот рид наречен Мал Адамов врв, кој открива прекрасен пејзаж и скриени водопади. Ќе застанеме кај мостот со 9 сводови, познат по својата прекрасна архитектура - совршена позадина за фотографирање. Патувањето кон југ нè носи покрај водопадите Равана познати по една индиско-шриланканска легенда која ќе ја слушнете од локалниот водич.

Попладне ќе се посети еден од најпознатите градови на јужниот брег, градот Гале познат по „Тврдина Гале“. Запишан е во историјата како важно пристаниште, каде што се тргувало со пауни, скапоцени камења, цимет и други егзотични стоки уште во 1400 година п.н.е. Персијците, Арапите, Грците, Малезијците, Индијците и Кинезите ја користеле оваа област за трговија, долго пред западната окупација.

Можност за посета на плажата Унаватуна, а потоа возење до плажата Хикадува една од најубавите и најразновидните плажи на островот. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

12.12.2026 (Сабота) ХИКАДУВА

Појадок. Плажата Хикадува, која се наоѓа на југозападниот брег на Шри Ланка, е жива, популарна дестинација позната по златните песоци, одличното сурфање, нуркањето, живата и енергична атмосфера. Позната е по коралниот гребен, набљудувањето морски желки и разновидните, туристички погодности, нудејќи мешавина од релаксација и водни спортови. Овде времето се движи побавно, а мирисот на солена вода и свежи морски ветрови ве смирува. Шетајќи по белите песочни плажи или нуркајќи меѓу коралните гребени, ќе откриете свет исполнет со боја, живот и мир. Локалните кафулиња нудат тропски коктели и свежа морска храна, додека музиката на далечните бранови и смеењето на туристите создаваат совршен ритам за релаксација. Овде, секој момент е повик да забавите, да се насмевнете и да уживате во убавината на природата и спокојот што го нуди овој морски рај. Ноќевање.

 

13.12.2026 (Недела) ХИКАДУВА – БЕНТОТА – КОСГОДА - КОЛОМБО - АЕРОДРОМ

Појадок. Напуштање на Хикадува и поаѓање кон Бентота - познат по своето возбудливо сафари на реката Мааду, кое нуди неверојатно доживување низ мангровите шуми. Со качување на чамец- авантурата може да започне! Крстарење низ лагуните ќе овозможи средба со античките храмови, плантажи со цимет и други природни богатства. Ова е река полна со див свет — монитор гуштери, крокодили и безброј птици, некои видови уникатни за Шри Ланка. Можност да се доживее магијата на природата, каде што копното се преплетува со реката и формира единствен екосистем, идеален за љубителите на природа и авантурата.

Зачувувањето на желките е голем и важен проект во Шри Ланка. Затоа, задолжителна станица е Косгода, место каде што се наоѓа еден од инкубаторите за јајца од желки , кои беа основани за да ги заштитат овие кревки суштества. Дали знаевте дека во моментов постојат само 8 антички видови морски желки во светот, а од нив можеме да најдеме дури 5 видови во Шри Ланка?

Посета на Коломбо- важна станица за бројни трговци од остатокот од Азија и арапскиот свет уште од античко времеДури и денес, земјата е значаен извозник на стоки како што се: кокос, цимет, чај, гума и скапоцени камења... Разглед на градот: Гале Фејс (некогаш позната како хиподром, денес романтична крајбрежна променада), будистичкиот храм Гангарамаја (дел од храмот се наоѓа на копното, а дел на вештачко езеро создадено со преградување на реката Келани), Парламентот, Плоштадот Единство …

Tрансфер до аеродромот во Коломбо.  Полетување за Истанбул во 22.00 часот.

 

14.12.2026 (Понеделник) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Пристигнување во Истанбул во 04.35 и полетување за Скопје во 08.55 по локално време. Пристигнување во 08.25 часот.

 

Рана уплата до 17.04: 1699 евра: (105.340 денари) 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1899 евра: (117.740 денари) 

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

-Авионски превоз Скопје–Истанбул-Коломбо и назад со авио компанијата Turkish Airlines

TK1004 05DEC  SKPIST  0915 1250
TK 730 05DEC  ISTCMB 1935 0610

TK 733 13DEC  CMBIST  2200 0435
TK1003 14DEC  ISTSKP 0855 0825

-Аеродромски такси и оброци за време на летовите

-Чекиран багаж до 20 кг и рачен до 8 кг

-Трансфер аеродром-хотел-аеродром-Сите трансфери според програмата
-Сместување во хотели 3*/4* на база 7 ноќевања со појадок, дополнително уште еден појадок во локален ресторан и еден ручек во традиционално село. (Ноќевања пр2 во Сигирија- х. „Into the wild“ ***; 2 во Канди – х. „Galaxy city“ ***; 1 во Ела - х. „BBQ Hub“ ****; 2 во Хикадува х. „Refresh Hotel“ ***)
-Локален водич на англиски јазик
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Вклучени излети и влезници СУПЕР ПАКЕТ ШРИ ЛАНКА

• Посета на Фондација за слонови „Милениум“ –шетање со слонови, хранење слонови, капење слонови,

посета на музеј на отворено.

• Посета на ,,Лавовскиот камен Сигирија (со специјализиран водич)

• Возење со волска кочија

• Возење со кану по езерото во Сигирија

• Посета на локалното село во Шри Ланка и традиционален ручек

• Посета на Златниот храм во Дамбула

• Посета на ајурведската градина со зачини

• Влезница во дворот на хиндуистичкиот храм Матале

• Влезница во Кралската џунгла Удавата Келе

• Посета на работилницата за скапоцени камења во Канди

• Посета на локалниот пазар во Канди

• Влезница во храмот на реликвијата од светиот заб на Буда во Канди

• Разглед на водопадот Рамбода

• Излет на локална плантажа за чај со дегустација на чај

• Разгледување на отворено на Нувара Елија (Розова пошта, езеро Грегори)

• Воз од Нувара Елија до Ела - билет 2 класа

• Искачување на врвот Мал Адам (опционално возење со зип-лајн, плаќате на лице место)

• Посета на мостот со 9 сводови

• Посета на водопадите Равана

• Посета на тврдината Гале во град Гале

• Посета на коралниот гребен Хикадува

• Посета на плажата за желки Хикадува

• Сафари со чамец на Мааду Ганга со посета на островот Цимет

• Посета на локалното инкубаторство на желки во Косгода

• Разглед на градот Коломбо

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Виза за Шри Ланка 50$ се вади онлајн. Апликацијата се пополнува на следниот линк: https://eta.gov.lk/slvisa/visainfo/center.jsp?locale=en_US (можете да ја контактирате агенција за посредување при добивање виза за одредена надокнада од 10 евра)
-Туристичка такса 870 мкд по лице, вкупно за сите денови – се плаќа во Агенција
-Бакшиш за возач и локален водич
-Патничко – здравствено осигурување
-Еднокреветна соба 13.100 мкд

 

Напомени: 

Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.

Трето лице добива попуст од 95 евра.
Дете од 2 до 6 год. добива попуст од 280 евеа (без кревет). Дете од 6 до 12 год. добива попуст од 120 евра на дополнителен кревет.

За комплетна реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патнициДоколку бројот на пријавени е помал од 15 програмата ќе се реализира но без присуство на претсатвник од агенција. За време на престојот во Шри Ланка групата ќе има возач/водич на англиски јазик и попатна асистенција на српски јазик.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. 

Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. 

Усни и телефонски резервации се невалидни. 

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МАГЕЛАН ТРАВЕЛ СЕРВИС.

 

ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ (Примери)

Ќе ги обезбедиме следните хотели или слични во категоријата 3*/4*. Сите хотели се на одлични локации и нудат одлична услуга. Ова е пример за тоа што можете да очекувате од вашиот сместувачки капацитет. Вистинскиот хотел може да биде различен, но сличен во однос на она што го нуди.

СИГИРИЈА – Хотел „Into the wild“ 3*

„Into The Wild“ Сигирија се наоѓа во средината на природата. Наутро ќе ве разбуди пеењето на птиците, а навечер искрите на светулките ќе ве придружуваат до креветот. Ако имате среќа, навечер дивите слонови доаѓаат од џунглата близу до хотелската област, толку блиску што можете да ги видите нивните сенки и да го чуете нивниот здив. Уникатно и импресивно искуство, кое сигурно ќе остане незаборавно.

КАНДИ – хотел „Galaxy city“ 3*

На само 13 минути пешачење од католичката катедрала „Црквата Свети Антониј“, хотелот „Galaxy City“ во со 3 ѕвездички нуди поглед на планината и Wi-Fi низ целиот објект. Урбан и модерен хотел кој нуди удобно сместување во близина на градот Канди и сите важни знаменитости.

ЕЛА – BBQ Hub 4*

Сместен во живописните ридови на Ела, Шри Ланка, BBQ HUB Ella нуди прекрасно одморалиште за патници кои бараат и релаксација и авантура. Овој хотел со 4 ѕвездички е дизајниран да обезбеди незаборавно искуство, комбинирајќи модерни удобности со спокојната убавина на природата. Без разлика дали сте тука за да ги истражите бујните пејзажи или едноставно да се опуштите. BBQ HUB Ella претставува идеален избор за незаборавно бегство во една од најшармантните дестинации во Шри Ланка.

ЈУЖЕН БРЕГ - Refresh Hotel 3*

Во хотелот гостите можат да уживаат во широк спектар на забавни објекти кои се дизајнирани да им помогнат да се опуштат и да се препуштат на врвна релаксација. Хотелот нуди услуги за масажа кои ќе ги отстранат напнатоста и стресот. Без разлика дали барате релаксирачко бегство на плажа или авантуристичко истражување на живите атракции на Хикадува, хотелот „Refresh“ е совршена база за вашата авантура во Шри Ланка.

 

Дополнителни информации:

Официјално име: Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка (во минатото Цејлон)

Главен град: Сри Џајаварденепура Коте

Најголем град / економски центар: Коломбо (Често се смета за комерцијален и културен центар, но не е официјален главен град)

Површина: 65.610 км2

Население: околу 22 милиони. Синхали 75%; Тамил 11%, други 14%

Религија: Будисти 70%, Хинду 13%

Валута: Шриланканска рупија LKR

Облека и обувки: лесна памучна облека (џемпер или лесна јакна за наутро и навечер)

Напон: 230V/240V (потребен е адаптер)

Вакцинација: не е потребна

Временска разлика: +3,5 часа во лето / +4,5 часа во зима

Клима: Тропска клима со просечна годишна температура од 28'C.

Храна и пијалоциШри Ланка нуди богата кујна со многу зачини, кокос и свежа морска храна. Се препорачува да се пробаат традиционалните Rice & Curry, Hoppers, Kottu Roti, како и свежи рибни и морски специјалитети, особено на крајбрежјето. Од овошје – манго, папаја и ананас, како и традиционални десерти со кокос. Од пијалоци, задолжително пробајте цејлонски чај, свеж кокосов сок (King Coconut) и природни овошни сокови. Од десерти - слатки палачинки (Hoppers) од кокос и ориз. Храната може да биде лута – побарајте „not spicy“. Се препорачува консумирање флаширана вода.