ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Aqua Spa Termale - Нови Пазар - 05.12. - 08.12.2026
Aqua Spa Termale - Нови Пазар - 05.12. - 08.12.2026

AQUA SPA TERMALE 4* | JK Travel

ПРВ ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) БИТОЛА ВЕЛЕС СКОПЈЕ – AQUA SPA TERMALE 4*

Состанок на групата во Битола во 02:45 часот. Поаѓање кон Скопје во 03:00 часот. Патувањето продолжува преку Велес, со организиран прием на патници од наведените градови. Поаѓање од Скопје во 05:00 часот, со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце. Пристигнување во Aqua Spa Termale 4* околу пладне и сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на спа и велнес центарот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин, 18:00–22:00 часот машки термин и 22:00–24:00 часот бесплатен мешовит термин за нашата група. Вечера. Ноќевање.

 

ВТОР ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) AQUA SPA TERMALE 4* – НОВИ ПАЗАР

Појадок. Полудневен факултативен излет со локален водич до Нови Пазар, со шопинг и разгледување на Градската тврдина, Алтун Алем џамијата и Амир-Агин хан. Слободно време за користење на спа и велнес центарот според програмата на хотелот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин и 18:00–22:00 часот машки термин. Хотелот дополнително нуди внатрешен и надворешен базен со топла термална вода, велнес и сауни (финска и парна), како и масажи со доплата. Вечера. Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) AQUA SPA TERMALE 4*

Појадок. По појадокот, слободно време за користење на спа и велнес центарот според програмата на хотелот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин и 18:00–22:00 часот машки термин. Вечера. Ноќевање.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН – 08.12.2026 (ВТОРНИК) AQUA SPA TERMALE 4* – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА ДО 01.11.2026 – 159€
РЕДОВНА ЦЕНА – 189€

 

Во цената е вклучено:

Автобуски превоз на наведената релација
Сместување во хотел AQUA SPA TERMALE 4*
3 ноќевања со појадок (шведска маса) и вечера (порција мени)
Користење на внатрешен и надворешен базен со топла термална вода и велнес-сауни (финска и парна)
Сместување во двокреветни соби
Туристички придружник за време на целото патување
Организиран превоз и прием на патници од Велес, Прилеп, Штип и Охрид
Организација на патувањето
Не е вклучено во цената
Факултативна посета на градот Нови Пазар – 10€ (доплата на лице место)
Патничко и здравствено осигурување


УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената.
За еднокреветна соба се доплаќа 45€.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето најдоцна 7 дена пред поаѓање, согласно Општите услови за патување.
За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 10 дена пред поаѓањето.
Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник.