
1.ДЕН 31.10.2026 - сабота
Се поаѓа во 01:00 часот од Штип. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.
Пристигнување во раните утрински часови во Белград. Посета на Белград, разглед на градот со посета на Калемегдан, прошетка низ улицата Кнез Михајлова, слободно време. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка во популарниот комплекс Београд на води. Ноќевање.
2.ДЕН 01.11.2026 - недела
Појадок. Одјавување од хотелот. Поагаме кон Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Слободно време. Во попладневните часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Штип во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 85eur / 5,270мкд
Поаѓање од Штип, Св.Николе, Скопје и Куманово
Поаѓање од Струмица, Радовиш и Кочани (доплата 300 мкд)
Во цената е вклучено:
* Превоз на наведената релација
* 1 ноќевање со појадок во хотел во Белград
* Пратител на групата за време на целото патување
Во цената не е вклучено:
*туристичка хотелска такса– 5 €-(наплата во автобус)
* Патничко осигурување