
Виена – главниот град на Австрија, град на уметноста и царскиот сјај – плени со својата уникатна мешавина од историја, култура и модерен живот. Некогашна престолнина на Хабсбуршката монархија, денес е дом на величествени палати како Шенбрун и Хофбург, импресивни музеи, елегантни паркови и богато музичко наследство. Градот на валцерот, кафе-културата и уметноста нуди романтична архитектура, светски познати уметнички колекции, шармантни кафулиња и вкусна локална гастрономија.
Во декември, Виена се претвора во зимска бајка. Улиците блескаат во празнични светилки, плоштадите оживуваат со божиќни маркети, а воздухот мириса на цимет, печени костени и топол пунч. Традиционалните мелодии создаваат празничен дух, совршен за романтична прошетка, семејна магија или пријатно зимско истражување.
План и програма: 19.12. - 22.12.2025.
1 ден - 19.12.2025.
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.
Директен лет од Скопје до Братислава со авиокомпанијата WIZZ AIR во 12:05 ч.
Пристигнување во Братислава во 13:40ч. Организиран превоз со автобус до хотелот во Виена. Слободно време за посета на божиќниот маркет во центарот на градот. Пристигнување во хотел и сместување. Ноќевање.
2 ден - 20.12.2025.
Појадок. Организирана посета на најпознатите атракции во Виена – музејот на уметност Kunsthistorisches Museum Wien, Виенската опера, Парламентот, Градското собрание. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 ден - 21.12.2025.
Појадок. Организирана посета до главниот Универзитет, Националниот театар и катедралата Св. Стефан, Holfburg – 600 стара палата, резиденција на Хабсуршката монархија и дворецот Шенбрун (Schönbrunn) – поранешна летна резиденција на Хабсурзите. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден - 22.12.2025.
Појадок. Трансфер до аеродром. Директен лет Братислава – Скопје. Поаѓање од Братислава со авиокомпанијата WIZZ AIR во 14:15ч. Пристигнување во Скопје во 15:50ч.
Цена на аранжманот: 419€ /25,978ден
Во цената е вклученo:
Во цената не е вклучено:
Напомена: