ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Athos - Apart Hotel Lazaridis - Nea Roda
Apart Hotel Lazaridis - Nea Roda

-20% попуст за целосна уплата до 13.12.2019 

На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ во кој располагаме со двокреветни и трокреветни студија (со помошен кревет на расклопување) на високо приземје, прв и втор спрат. Веќе неколку години гостите кои летуваат во овој комплекс се презадоволни од комплетната услуга. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса која можат да ја користат гостите, а нуди и можност за хотелски појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа Voulitsaкоја уште на првата средба  ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа Komitsa, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.

Напомена: Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија невозможно е да се сместат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.

 

Вила „Lazaridis” - Нea Рода

 

Термин:

 

Ноќевања:

 

1/2 студио

 

1/2+1 студио

26.05-05.06.2020

10

200  (12.400 ден.)

220  (13.640 ден.)

05.06-15.06.2020

10

250  (15.500 ден.)

280  (17.360 ден.)

15.06-25.06.2020

10

320  (19.840 ден.)

350  (21.700 ден.)

25.06-05.07.2020

10

390  (24.180 ден.)

420  (26.040 ден.)

05.07-15.07.2020

10

460  (28.520 ден.)

480  (29.760 ден.)

15.07-25.07.2020

10

530  (32.860 ден.)

560  (34.720 ден.)

25.07-04.08.2020

10

530  (32.860 ден.)

560  (34.720 ден.)

04.08-14.08.2020

10

530  (32.860 ден.)

560  (34.720 ден.)

14.08-24.08.2020

10

530  (32.860 ден.)

560  (34.720 ден.)

24.08-03.09.2020

10

460  (28.520 ден.)

490  (30.380 ден.)

03.09-13.09.2020

10

390  (24.180 ден.)

420  (26.040 ден.)

13.09-23.09.2020

10

290  (17.980 ден.)

320  (19.840 ден.)

 

- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз

- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00    часот по локално време

            -  Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра