ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Париз

Where is Paris? | World In Paris

Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така…

Задолжително минимум две факултативи – пријавување во агенција
ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО КУПУВАЊЕ НА ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ФАКУЛТАТИВИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ ВЛЕЗ ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ФАКУЛТАТИВА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ПОСЕТИ !!

 

План и програма:

 

1 ден | Скопје - Париз

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување кон Париз во 06:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:05 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Во попладневните часови следува разглед на градот со локален водич, шетање по прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро) Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Враќање назад во хотел.Ноќевање.

 
 
2 ден | Париз разглед – Версај

Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). По завршување на посетата на Версај се враќаме назад во центарот на Париз, каде што ќе имате слободно време за индивидуални прошетки или по препорака на пратителот на групата. Враќање назад во хотел.Ноќевање.

 
 
3 ден | Лувр - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена

Појадок во хотел. Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула(индивидуално) и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание.По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

 
 
4 ден | Париз - Скопје
Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 09:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 12:25 часот
 
Цена на аранжманот: 449eur / 27,838ден
 
Во цената е вклучено:
Директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
Аеродромски такси
Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
Организирани прошетки според програматa;
Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
 
Во цената не е вклучено:
Доплата за еднокреветна соба 150 Еур.
Патничко осигурување;
Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро
 
Важно:
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

 

Факултативни излети:

Пешачки разглед со локален водич  - Цена за пакет: 20еur

 

Посета на Версај со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер ; - Цена за пакет: 80еur

 

Крстарење со брод по Сена - Цена за пакет: 25еur

 

Посета на Лувр (индивидуална влезница со термин+ пратител , задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција); - Цена за пакет: 45еur

 

Влезница за Ајфелова Кула (на лице место) индивидуално – информативни цени - до втор кат - 28е, до трет кат - 40е (со лифт);  - Цена за пакет: 28е/40еur