ДЕКЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Северна Италија - 29.04. - 04.05.2027
Северна Италија - 29.04. - 04.05.2027

29.04.2027 (четврток) – Штип – Верона

Поаѓање на групата од Штип, пред Нова пошта, во 14:00 часот. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

 

30.04.2027 (петок) – Верона

Пристигнување во Верона. Посета и разглед на градот со лиценциран туристички водич (гратис – без доплата): плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори, Арената и други знаменитости. Слободно време за прошетка низ центарот на градот. Сместување во хотел. Слободни активности. Ноќевање.

 

01.05.2027 (сабота) – Верона – Милано – Сирмионе – Верона

Појадок. Поаѓање кон факултативна посета на Милано, град познат како една од европските престолнини на модата. Разглед на градот со лиценциран туристички водич: Миланската скала, катедралата Дуомо, галеријата Виктор Емануел II и други знаменитости. Слободно време за индивидуални активности.

Поаѓање кон живописниот град Сирмионе, сместен на полуостров кој навлегува длабоко во езерото Гарда (Лаго ди Гарда). Кратка пауза за разглед и прошетка низ градот, познат по средновековната тврдина Скалигеро, тесните улички, живописните куќи и прекрасната езерска панорама.

Враќање во хотелот во Верона. Ноќевање.

Напомена: Патниците кои нема да учествуваат во факултативната екскурзија до Милано и Сирмионе остануваат слободни во хотелот. Туристичката агенција не презема одговорност за нивните индивидуални активности во тој период.

 

02.05.2027 (недела) – Верона – Фиренца – Верона

Појадок. Поаѓање кон факултативна посета на Фиренца, еден од најпознатите културни и уметнички центри во Италија. Разглед на градот со лиценциран туристички водич: катедралата Санта Марија дел Фјоре, плоштадот Микеланџело, плоштадот Сињори и други знаменитости.

Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Враќање во хотелот во Верона. Ноќевање.

Напомена: Патниците кои нема да учествуваат во факултативната екскурзија до Фиренца остануваат слободни во хотелот. Туристичката агенција не презема одговорност за нивните индивидуални активности во тој период.

 

03.05.2027 (понеделник) – Верона – Трст – Македонија

Појадок. Напуштање на хотелот и поаѓање кон Трст. Разглед на градот и слободно време за прошетка и шопинг (гратис – без доплата).

Поаѓање кон Македонија, со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

 

04.05.2027 (вторник) – Македонија

Пристигнување во Македонија во пладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 210eur / 13.020мкд

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3 ѕвезди во Верона.
  • Разглед на Верона со лиценциран туристички водич (гратис – без доплата).
  • Разглед и слободно време во Трст (гратис – без доплата).
  • Организација и водство на патувањето (придружник на групата).

 

Во цената не е вклучено:

  • Факултативна посета на Фиренца – 45 евра (превоз, разглед, туристички водич и туристичка такса).

  • Факултативна посета на Милано, Сирмионе и езерото Гарда – 40 евра (превоз, разглед, туристички водич и такса).
  • Хотелска туристичка такса – 5 евра по лице на ден × 3 ноќевања = 15 евра (задолжително).
  • Влезници за посета на туристичките локалитети и знаменитости.
  • Здравствено и патничко осигурување.

 

Напомени:

Рок за пријавување: 31.03.2027 година.

За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 пријавени патници, додека за реализација на факултативните екскурзии потребни се минимум 25 патници.

Патниците кои нема да учествуваат во факултативните екскурзии до Милано, Сирмионе, езерото Гарда и Фиренца остануваат слободни во хотелот. Туристичката агенција не презема одговорност за нивните индивидуални активности во тој период.

 

Општи напомени и услови:

  • Резервација се врши со уплата на аванс во висина од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

  • Целосната уплата на аранжманот треба да се изврши најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето.
  • Цените на аранжманот се пресметуваат во денари, по курс од 1 евро = 62 денари.
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 пријавени патници.
  • За патувањето потребно е да поседувате важечки пасош, со важност од најмалку 90 дена по планираниот датум на напуштање на Шенген-зоната.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на трошоците за превоз или хотелско сместување, согласно важечките прописи.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред планираниот датум на поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото да ги промени цените на факултативните екскурзии во случај на промена на цените на влезниците за туристичките локалитети и музеи.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавни објекти, институции или културно-историски споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот го задржува правото да го промени редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото да ја измени програмата на патувањето во случај на непредвидени и објективни околности, како што се: задржување на гранични премини, сообраќаен застој, неповолни временски услови, затворени туристички локалитети или други околности кои можат да влијаат врз реализацијата на патувањето.