АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
Венеција

A guide to Venice Carnival 2026 - Goodtime Monty

12.02.2026 (четврток) – Верона

Поаѓање на групата пред Нова Пошта во 14:00 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

 

13.02.2026 (петок) – Верона

Пристигнување во Верона, посета и разглед на градот (гратис – без доплата) со лиценциран водич: плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори, Арената, куќата на Јулија…
Слободно време за прошетка низ центарот. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

14.02.2026 (сабота) – Верона – Милано – Сирмионе – Верона

Појадок. Поаѓање кон факултативна посета на Милано со лиценциран водич – град познат по европската мода. Прошетка по Миланската Скала, Катедралата, Галеријата Виторио Емануеле, слободно време за индивидуални активности.
Потоа заминување кон Сирмионе. Кратка пауза во живописниот град сместен на полуостров кој навлегува во езерото Лаго ди Гарда. Познат е по тврдината Сцалигера, тесните улици и живописните куќички.
Враќање во хотел во Верона. Ноќевање.

 

15.02.2026 (недела) – Венеција

Појадок. Напуштање на хотелот. Пристигнување во Венеција.
Факултативна посета на Венеција (патниците кои не ја користат оваа опција остануваат во Лидо ди Јесоло).
Патување со брод до Венеција и разглед со водич: плоштад и црква Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде.
Потоа посета на Designer Outlet Noventa di Piave – слободно време за шопинг.
Патување кон Македонија.

 

16.02.2026 (понеделник) – Штип

Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 125 €  / 7.750 мкд.

Поаѓање од Штип. Велес, Скопје, Куманово

Поаѓање од Струмица, Радовиш, Кочани – (доплата 300 мкд.-за група повеќе од 8 лица)

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Верона

  • Разглед на Верона со лиценциран водич (гратис – без доплата)

  • Организација и водство на патувањето (пратител на групата)

 

Во цената не е вклучено:

  • Посета на Венеција – 45 € (превоз, брод, разглед, водич, туристичка такса)

  • Посета на Милано + Сирмионе + Лаго ди Гарда – 35 € (превоз, разглед, водич)

  • Хотелска туристичка такса – 5 € по ден × 2 = 10 € (задолжително)

  • Влезници за локалитети

  • Задолжително здравствено и патничко осигурување

 

Напомени:

  • Рок за пријавување: 01.02.2026

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 патници

  • За реализација на факултативните посети потребни се минимум 25 патници

 

Посебни напомени:

  • Патниците кои нема да одат во Милано, Сирмионе и Лаго ди Гарда остануваат слободни во хотелот – агенцијата нема одговорност за нив.

  • Патниците кои нема да одат во Венеција остануваат слободни во Лидо ди Јесоло – агенцијата нема одговорност за нив.