ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Истанбул

Термин: 29 декември 2019 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус
Сместување во луксузниот Zenon Hotel 5*

  

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 29.12 (недела) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Куманово во 14:15 часот (Бензинска "Makpetrol" - Автопат), Скопје во 15:00 часот (Хотел "ВИП" - наспроти саем), Велес во 15:45 часот (Бензинска "Makoil" - Мотел Македонија), Штип во 15:00 часот (пред Стадионот), Неготино во 16:15 часот (Бензинска "Makpetrol" - Автопат), Струмица во 16:00 часот (Бензинска "Makpetrol" - кружен тек). Се патува преку граничен премин Богородица. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2ден / 30.12 (понеделник) ИСТАНБУЛ (Хиподром | Сина Џамија | Топ Капи | Капали Чаршија | Ноќен Истанбул)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел. Сместувањето е во Zenon Hotel 5*. По кратка пауза со автобусот се упатуваме кон посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Палатата Топ Капи - музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во Џамија. Овaа палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Можност за попатна посета на Капали Чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Во договореното време, состанок на групата кај автобусот и враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта предлагаме факултативна ноќна панорама на Истанбул. Посета на ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе.Посета на еден од најживописните квартови во Истанбул, Ортакој, каде ќе имате можност да уживате во најпопуларните специјалитети, компир и вафли. Во Ортакој се снимани сцени од многу турски серии, така што ќе имате можност да ја доживеете магијата на овој волшебен град. Слободно време за вечера и фотографирање. Враќање во хотел. Ноќевање.

3ден / 31.12 (вторник) ИСТАНБУЛ (Панорамски разглед | Крстарење - Босфор | Долма Бахче Сарај | Сафир Сеир Тераси | Свечена вечера на брод) ***ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА***
Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или заминување на панорамски разглед на градот, со можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел... прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај - првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик - дел за мажите и Харем - делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА, на брод (5 часовно ноќно крстарење со брод + трансфер). Mузичка програма со танчарки, богато мени со неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци. Прекрасна ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

4ден / 01.01 (среда) ИСТАНБУЛ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на најголемиот трговски центар во Европа - FORUM, во кој се наоѓа Аквариумот Turkuazoo. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи.

5ден / 02.01 (четврток) МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 109€ / 6.750мкд
за уплата до 25.11.19:   99€ / 6.150мкд

Дете до 6 години - 45€ / 2.800мкд   |   Дете од 6-12 години - 69€ / 4.300мкд   |   Еднокреветна соба + 40€ / 2.500мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во Zenon Hotel 5* во Истанбул;
- посета на Хиподромот (превоз | локален водич);
- посета на Сината Џамија (превоз | локален водич);
- посета на најголемиот трговски центар - Mall of Istanbul;
- професионален туристички придружник;
- организација и реализација на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- посета на Топ Капи Палатата  (влезница | локален водич) - 20€;

- панорамски разглед на Истанбул со локален водич на српски или македонски јазик - 10€ (задолжителна доплата при користење на сите/една од следните факултативи: крстарење по Босфор, Долма Бахче Сарај, Сафир Сеир Тераси);
- посета на Долма Бахче Сарај  (превоз | влезница | локален водич) - 20€
- посета на Saphire Seyir Terasi  (превоз | влезница за 4D | локален водич) - 15€;
- посета на Аквариумот Florya  (превоз | влезница) - 20€ за возрасни / 15€ за деца од 2-12 години;
  Долма Бахче Сарај + Сафир Сеир Тераси + Аквариум = ГРАТИС панорамски разглед!!  

- ноќен Истанбул (превоз + водич) - 20€;
- крстарење со брод по Босфор (90 минутно дневно крстарење по Босфор со локален водич) - 20€;
- дочек на Нова Година на брод (5 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено алкохолно и безалкохолно пиење + трансфер) - 75€;

СИТЕ факултативи - 115€  |  СИТЕ факултативи со вклучена свечена вечера на брод - 190€

- здравствено патничко осигурување - 150мкд.

Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари. 

 

За овој аранжман важат Општите услови на патување