Грузија, земја со волшебна убавина и безвременски шарм, каде античката историја се среќава со пејзажи кои го одземаат здивот на секој патник. Сместена на раскрсницата на Европа и Азија, Грузија е дестинација која ветува патување исполнето со нови уметнички откритија и незаборавна авантура. Има свое богато културно наследство, каде калдрманите улици шепотат приказни од милениумите, а истовремено е позната и како земја со најстари во светот, традиционални техники на правење вино. Предвидени се посети на живописни градови како Кутаиси и Тбилиси, богати со различни култури, прекрасна природа, вкусна традиционална кујна и улици кои будат чувство на најубавата бајка.
Авион/ 5 дена/ 4 ноќевања
23 октомври СКОПЈЕ - СОЛУН- КУТАИСИ
Состанок на групата во 14.00 часот пред хотел Бристол. Пристигнување на аеродромот во Солун. Полетување за Кутаиси во 21.20 и пристигнување во 00.55 часот локално време. Трансфер и сместување во хотел во Кутаиси. Ноќевање.
24 октомври KУТАИСИ – САГУРАМО – МЦХЕТА - ТБИЛИСИ
Појадок. Панорамски разглед на Кутаиси во кој патниците ќе имаат можност да искусат сценски погледи и уникатна перспектива на градот, истовремено посетувајќи ги неговите најспецифични знаменитости. Започнувајќи од градинскиот булевар Кутаиси, кој е шармантна оаза каде посетителите можат да се релаксираат со бујното зеленило и живописните цвеќиња, совршен спој на природата, историјата и локалната култура. Посета на Драмскиот театар и Театарот за опера и балет кои се грандиозни, архитектонски ремек-дела, комбинирајќи ја класичната елеганција со уметничката душа на Грузија. Столбовите и елегантните фасади на Драмскиот театар ја отсликуваат историјата, традицијата и богатата културна сцена на Кутаиси. Театарот за опера и балет зрачи софистицираност со своите неверојатни скулптури и кралски дизајн од светска класа. Заедно, овие театри не се само места за уметничко изразување - тие се симболи на уметничкиот дух на Кутаиси, каде минатото се среќава со сегашноста во незаборавен спој на историјата и изведбата. Во близина на брегот на реката Риони е сместена резиденцијата на кралот Окрос Чардахи, некогашен дом на моќниот владетел, извонреден пример за архитектонска величина и антички грузиски дизајн. Следи посета на милениумската катедрала Баграти, ремек-дело на средновековната грузиска архитектура од 11 век која со својата структура во облик на купола и сложено дизајнирани фрески, зрачи со безвременска убавина која трае со векови и покрај предизвиците на времето и историјата, вклучително и штетите од инвазии и природни катастрофи. Посета на винаријата Гурамшвили Марани во Сагурамо каде ќе се дегустира традиционална храна и локални вина направени од автохтони грузиски сорти на грозје, вина со извонреден карактер. Патувањето продолжува до градот Мцхета каде се посетуваат катедралата Светицховели (тука ќе се направи поклонување на гробот на отецот Гаврил Грузиски), манастирот Жвари, Женскиот манастир и базиликата Антиохија со долга христијанска историја. Пристигнување во Тибилиси. Сместување во хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.
25 октомври ТБИЛИСИ
Појадок. Локална прошетка низ Тбилиси која започнува со посета на црквата Метехи, со богата кралска историја од која може да се ужива во панорамскиот поглед на Тбилиси. Низ паркот Рике следи возење со жичарница до тврдината Нарикала, популарна туристичка атракција, совршено место за фотографирање. Прошетка до кањонот Легвтахеви, старите населби на Тбилиси, познати по лековитите сулфурни бањи, улиците Шардени и Ерекле II, плоштадот Мајдан, Мостот на мирот и авенијата Руставели, позната по уметничките галерии, продавници за сувенири, автентични кафулиња и ресторани. Попладне за слободни активности. Организирана вечера со фолклорна претстава. Ноќевање.
26 октомври ТБИЛИСИ – АНАНУРИ – ГУДАУРИ – КАВКАЗ- ГЕРГЕТИ
Појадок. Факултативна посета на комплексот Ананури, средновековна тврдина. Посета на Гудаури, бескрајна планинска убавина на Грузија, позната по врвните скијачки центри во Грузија кои привлекуваат посетители од целиот свет. Пристигнување во Казбеги, набљудување на водопадите и снежните врвови на Кавказ и вкусување на минерални води. Возење со теренски џипови до планината Гергети, возбудливо, адреналинско и незаборавно искуство, нудејќи им на посетителите можност да истражат еден од највозбудливите и иконски пејзажи во Грузија. Црквата Троица Гергети, сместена високо на падините на планината Гергети на 2.170 метри е врвот на оваа авантура. Црквата, со своите камени ѕидови и иконската силуета наспроти високиот Казбек е симбол на грузиската вера и наследство. Ручек од грузиската традиционалната кујна во познатиот ресторан Guramishvili’s Marani. Разглед на областа Кеви. Враќање во хотел. Слободно време за прошетка. Ноќевање.
27 октомври ТБИЛИСИ – ГОРИ – МУЗЕЈОТ НА СТАЛИН – ГЕЛАТИ – КУТАИСИ
Појадок. Oдјавување од хотелот. Посета на регионот Картли, познат како политички, културен и историски центар на земјата, лулка на грузиската цивилизација. Посета на градот Гори, прошетка низ средновековната тврдина Цхра-кара Деветкарата, со камена структура, која била од стратешко и воено значење за Грузија за време на нејзината средновековна историја. Кратка прошетка до музејот на Ј.В.Сталин кој дава детална слика за ликот и животот на Сталин, влијателна и поларизирачка историска личност. Поаѓање кон Кутаиси и посета на Академијата Гелати и Манастирскиот комплекс, светско наследство на УНЕСКО. Пристигнување кон аеродромот во Кутаиси и лет во 19:05 часот. Пристигнување во Солун во 19:55 часот локално време. Трансфер до Скопје.
попуст за уплати до 25.06.2025: 669 € / 41.480 мкд
Цена на аранжманот749 евра (46.440 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Организиран трансфер Скопје-Солун-Скопје
Авионски превоз Солун – Кутаиси – Солун
Кабинска торба со димензии 40х30х20цм до 10кг
Аеродромски такси
Хотелско сместување на база 4 ноќевања со појадок (3 НП во хотел 3* во Тбилиси/1 НП во хотел 3* во Кутаиси)
Организиран превоз за сите денови за сите излети;
Организација на аранжманот, локален лиценциран водич на англиски јазик и лиценциран придружник на патувањето на македонски јазик
Влезница за посета на музејот на Ј.В.Сталин
Превоз со теренски аџипови 4х4 на планината Гергети;
Посета на винарија со храна и вино во Сагурамо
Свечена вечера во грузискиот ресторан Mravalzhamieri, со фолклор
Вода (1 шише по лице дневно)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативна посета на Казбег-Гудаури со ручек 70 Еур
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг/ 20кг (инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 1.240 - се плаќа во агенција
Доплата за еднокреветна соба 5.600 мкд
Патничко – здравствено осигурување
Лични трошоци
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби. Дете до 2 години се сместува бесплатно. Деца на возраст од 2 до 5 години плаќаат 40% од аранжманот.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 16 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ