ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
Авионски програми - Љубљана и Загреб
Љубљана и Загреб
Discover the Enchantment of the Christmas Market in Ljubljana – Walking  Tour Ljubljana
ПРВ ДЕН 18.12.2024 ЧЕТВРТОК
Состанок на групата во 08:45 ч пред Хотел Русија и поаѓање према аеродромот во Скопје со организиран трансфер. Планирано полетување за Љубљана во 11:40 ч. Внимавајте на вашиот авионски багаш да е според дозволените димензии и килажа . Во спротивно доплаќате при самиот чек-ин на аеродром. Предвидено пристигнување во Љубљана 13:10 ч . Организиран трансфер од аеродром до хотел во центарот на Љубљана. Сместување во хотел после 14:00 ч. Собир на групата пред хотел и поаѓање на разглед низ Љубљана со локален водич. Пешачка обиколка на историскиот центар на градот Љубљана, Змејскиот мост најомилениот симбол на градот, изграден во 19 век, на кој има 4 змејови кои го претставуваат симболот на Љубљана, катедралата Св. Николај – седиште на епархијата, Тромостие – познатите три пешачки моста на реката Љубљаница, Прешернов трг – главниот градски плоштад со споменик на Франц Прешерн, најголемиот словенечки поет, фрањевската црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот , робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер, од овде сите заедно се упатуваме кон жичарата каде води до Љубљански Замок кој се издига високо над градот. Станува збор за средновековен замок кој е сведок на славното минато на градот, но и доказ за тоа како старото и новото можат да функционираат во совршена симбиоза (за сите што сакаат да влезат се доплаќа карта на лице место) . По разгледот, слободно време за индивидуални активности и посета на божиќен базар покрај реката Љубљаница . Предлог – ноќно крстарење со брод низ реката Љубљаница. Ноќевање во Љубљана.
 
ВТОР ДЕН 19.12.2025 ПЕТОК
Појадок во хотел. После појадокот поаѓање према Загреб (возење отприлика 2 часа ) . Пристигнување во Загреб и панорамски разглед на градот со локален водич. Се посетува Катедралата на воскресението на Блажена Дева Марија – највисоката градба во Хрватска , Горен град – стар дел од градот со калдрма, Фуникуларот и панорама на Загреб – најкратката жичница што ги поврзува долен и горен град, Камена Порта, Улица Илица – најдолга и најпозната улица со продавници, Плоштад Свети Марко . Посета на еден од најубавите божиќни базари во Европа : прошетка низ Зрињевац , Бан Јелачиќ плоштад и Крал Томислав плоштад со лизгалка на мраз. По разгелдот слободни време за уживање во базарите за празнична атмосфера со греено вино , локални деликатеси , музика и пазарење сувенири. Во договорено време поаѓаме према Љубљана. Ноќевање.
 
ТРЕТ ДЕН 20.12.2025 САБОТА
Појадок во хотел. Одјавување од хотел и поаѓање према аеродромот во Љубљана со организиран трансфер во 11 00 ч . Планирано полетување 13:45 ч а предвидено слетување во 15:15 ч во Скопје. Организиран трансфер од аеродром во Скопје до хотел Русија.
 
Цена на аранжманот: 319eur
 
Во цената е вклучено:
*Автобуски трансфер хотел Русија – Скопје аеродром – хотел Русија
*Директен лет на релација Скопје – Љубљана – Скопје
*Аеродромски такси
*Мала кабинска торба/ранец со димензии 40х30х20 цм-дозволено едно парче багаж до 8 кг
*Целодневна посета на Загреб со водич и трансфер
*Сместување во Хотел со 3 * во центар на Љубљана, на база на 2 ноќи со појадок
*Разглед низ Љубљана со локален водич
*Организација на аранжманот и придружник за време на патувањето
*Автобуски трансфер Љубљана аеродром – хотел – Љубљана аеродром

Во цената не е вклучено:
*Доплата за кабински багаж до 10 кг , димензии 55х40х20 цм ( информации во агенција)
*Влезници за локалитети , музеи, замоци и слично ( не е вклучена карта за Љубљански З.)
*За еднокреветна соба се доплаќа 85 еур
*Туристичка такса од лице од ноќ 3.5 еур ( се плаќа на рецепција во хотел)
 
Важно:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
Доплата за еднокреветна соба 85евра
Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат се 290е