ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
Рим

Ancient Rome facts and history | National Geographic Kids

1 ден (07.12.2025 - недела) | Скопје - Рим

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:55 часот. Полетување за Рим во 18:55 часот. Пристигнување во Рим во 20:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Ноќевање.

 

2 ден (08.12.2025 - понеделник) | Рим (Разглед и Ватикан)
Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (09.12.2025 - вторник) | Тиволи, Рим (Колосеум - однадвор)

Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден (10.12.2024 - среда) | Рим - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (слободни прошетки, кафе, шопинг ...) Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 21:30 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 399 €
за првите 10 пријавени
 РЕДОВНА ЦЕНА : 469 €

 

Во цената е вклучено:

· Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;

· Аеродромски такси

· Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;

· Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;

· Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* (централно подрачје)

· 3 ноќевања со појадок;

· Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;

· Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

Во цената не е вклучено:

· Доплата за 20 kg багаж (куфер);

· Доплата за еднокреветна соба 120 € 

· Туристичка такса – 7,5 € по лице на ден

· Билети за јавен превоз со метро;

· Патничко осигурување;

 

Цени за Факултативи:

· Организиран панорамски разглед на Рим со локален водич - 20 €;

· Организирана факултативна посета на Ватикан и Систинската капела - 70 € (со локален водич и влезница)

· Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este - 70 €;

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на арнжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.За реализација на истите потребно минимум од 16 лица.

Општи напомени:

· Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;

· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;

· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

· Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;

· Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.