
Прв ден: 10.04.2026 (петок)-Скопје-Истанбул-Измир-Кушадаси
06.30 часот. Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 11.20 часот по локално време. Летот за Измир е во 13.00 часот, слетување во 14.10 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до Кушадаси. По пристигнувањето сместување на групата во хотелот „Derici“ 4**** лоциран во срцето на градот ( https://derici.hotelkusadasi.net/en/ ) Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални прошетки низ градот. Вечера. Ноќевање.
Втор ден: 11.04.2026 (сабота)- Кушадаси-Памук Кале-Кушадаси
Појадок. Организирано заминување со автобус кон Памук Кале. Пристигнуваме во хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“ каде ќе уживаме во внатрешните и надворешни базени. Тука ќе ја имаме единствената можност да ги почувствуваме благодетите од лековита кал. Ручек на шведска маса, а потоа организирана посета на единствениот природен феномен во светот - Памук Кале, античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за индивидуално разгледување на комплексот. Во попладневните часови се враќаме назад во Кушадаси. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 12.04.2026 (недела)-Кушадаси-Куќата на Богородица-Ефес
Појадок. Организирано заминување на групата кон Ефес и престој на едно од најсветите места за Велигден - куќата на Дева Марија каде Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. По разгледувањето на најубавото и најсветото место за Велигден, продолжуваме кон античкиот град Ефес - трет по големина во Римската Империја. Обиколка на градот со локален туристички водич. а потоа се враќаме во Кушадаси. Слободно време за идивидуални прошетки во градот. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 13.04.2026 (понеделник)-Кушадаси-Измир-Истанбул-Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување со автобус кон Измир - древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Во договореното време трансфер кон аеродромот. Летот за Истанбул е во 15.55 часот по локално време, слетување во 17.20 часот. Летот за Скопје е во 18.55 часот, слетување во 19.25 часот.
Промотивна цена за уплата до 26.01.2026: 649 евра(40.240 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 749 евра (46.440 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги
• Авионски билет Скопје- Истанбул- Измир-Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
• Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата
• 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 4* во Кушадаси
• Влезница во Памук Кале
• Користење на калните бањи и базените со термална вода во хотел „Пам“ и ручек на шведска маса
• Влезница во куќата на Богородица
• Влезница во античкиот град Ефес
• Посета на Измир
• Лиценциран локален туристички водич за време на целото патување
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
• Доплата за еднокреветна соба – 90 евра
• Бакшиш за локалниот водич
• Патничко осигурување
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 250 евра (15.500 денари) најдоцна до 26. Јануари 2026 година. Целосна доплата на аранжманот до 05. Март 2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници