ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
Малта
Meet Malta's Popeye Village — A Film Set-Turned-Town | by Alex Pappademas |  Airbnb Magazine | Medium
Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино - лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство. Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм.
 
План и програма: 13.02. - 16.02.2026.
 
13.02. - Скопје – Малта
Состанок на групата на скопскиот аеродромот 2 часа пред летот. Полетување за за Малта во 19:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 21:35 часот. Трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
 
14.02. - Малта - Валета - Мдина
Појадок. Предлог - факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 - ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата.Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко - катедралата на Свети Јован (St. John’s Co - Cathedral), дом на ремек - делото на Караваџо (Caravaggio) - "Обезглавувањето на Свети Јован" ("The Beheading of Saint John"). Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.
 
15.02. - Малта – Гозо – вечерна Валета
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј.Слободно време за индивидуални активности и ручек. Ќе ја посетиме и базиликата TA Pinu - место на чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење за ова прекрасно место. Враќање во хотел.По кратка пауза ќе имате можност за вечерно патување во Валета и 3те Градови. Поаѓањето околу 18:30 часот, кога сонцето полека заоѓа и островот ги добива своите магични вечерни бои. Ќе тргнеме да ги откриеме Трите Града - вистински бисери на малтешката историја.Првата станица ќе биде Биргу (Виториоза), средновековен град чии тесни, мистериозни улици кријат приказни за витези, трговци и пирати. Прошетката низ овој стар кварт ќе ви даде чувство дека сте се вратиле неколку векови назад.Потоа, ќе уживаме во слободното време во марината Виториоза, една од најубавите марини на островот. Совршено место за релаксација, пиење пијалок и уживање во единствената атмосфера на луксузни јахти и осветлени пристаништа.Потоа нашиот пат води до срцето на Малта - Валета. Таму ќе имате слободно време за шопинг, прошетка меѓу луксузните улици...По ова незаборавно вечерно искуство, се враќаме во хотел, исполнети со впечатоци, мириси и слики што ќе останат во меморијата долго време.Ноќевање.
 
16.02. - Малта – Popeye Village - Marsaxlokk - Скопје
Појадок. После појадокот се упатуваме во посета на Popeye Village (Селото на Попај). Селото всушност претставува филмски сет, останат од 1980 година од музичката продукција "Popeye". Денес е интересна атракција каде што на момент ќе можете да се почувствувате како дел од филмски сет, заедно со ликовите од популарниот филм Попај Морнарот. Може да вкусите Малтешко вино, да се возите со чамец, да си купите сувенир кој ќе Ви биде прекрасен спомен од ова место и секако да го посетите Музејот за стрипови на Попај брои над 100 оригинални стрипови од 1936 година.Враќање назад во хотел од каде што се упатуваме кон Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат посетени.Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23:30 часот. Слетување во Скопје во 01:15 часот.
 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ :  279€
ЗА ПРВИТЕ 8 МЕСТА
РЕДОВНА ЦЕНА : 3
3
9€

 Во цената е вклучено:

  • Авионски билет на релација: Скопје - Малта - Скопје;
  • Аеродромски такси
  • Трансфер на релација: аеродром - хотел - аеродром на Малта;
  • Сместување во хотел 3*на Малта - 3 ноќевања со појадок;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
  • Професионална организација на аранжманот;

 

Во цената не е вклучено:

  • Доплата за куфер од 20 kg (цена 2-3 дена пред тргнување);
  • Туристичка такса 3 € на ден, по лице (се плаќа во агенција);
  • Полудневен факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) - 55 €;
  • Факултативен излет вечерна Валета(трансфер + локален водич) - 30 €;
  • Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + брод + локален водич) - 60 €;
  • Факултативен излет – Marsaxlokk (трансфер + придружник од агенцијата) - 30 €; ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
  • Факултативен излет – Popeye Village (трансфер + влезница) - 25 €;
  • Во цената на факултативните излети не се вклучен ручек и влезници во објекти или локации;
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко - здравствено осигурување;

 

Напомена :

ПРИЈАВУВАЊЕ на ФАКУЛТАТИВИ ПРИ УПЛАТА на АРАНЖМАН !!

За реализација на истите потребно минимум 14 пријавени патници

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.