ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Париз

Авионска програма
ПАРИЗ

Цена на аранжманот со вклучени аеродромски такси  399 евра (24.738 денари)

СО ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ


                                                                                                                                                                                                                5 дена / 4 ноќевања 

1 ден (16.03.2020 Понеделник) Скопје – Бове - Париз
Состанок на  групата на аеродромот во Скопје во 16:00 часот.Полетување за Париз со WIZZAIR (лет W6 7719) во 17:45 часот.Слетување на аеродромот Beauvais во 20:45 часот.Трансфер до Париз.Пристигнување и сместување во хотел.Ноќевање.
 
2 ден (17.03.2020 Вторник) Париз – Версај – Крстарење по Сена
Појадок. По појадокот се упатуваме со железница кон величенствениот дворец Версај. Кралски дворец изграден од страна на францускиот крал Луј 14 кој претставува ремек дело на уметноста од 17 век. Посета на кралскиот дворец со локален водич. Враќање во Париз. Можност за индивидуална прошетка и слободни активности. Можност (факултативно) за вечерно крстарење по Сена каде можете да ја почувствувате магијата на Париз. Потоа се упатуваме кон најпопуларната улица – Елисејските полиња од каде ќе имате можност да ја видите Триумфалната капија. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
 
3 ден (18.03.2020 Среда) Париз – Лувр
Појадок.После појадокот следува разглед на Париз (пешачка тура + метро) низ најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Организиран разглед на градот со локален водич - Елисејските полиња, Операта Гарние, Триумфалната Капија, плоштадот Конкорд, музејот Лувр, островот Сите, латинскиот кварт, Трокадеро, Ајфелова Кула, Луксембуршка градина, Нотр Дам (Богородичната Црква). По разгледот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич) кој цели 700 години бил резиденција на француските кралеви се до нивната преселба во Версај.Овде се наоѓаат околу 63.500 уметнички дела меѓу кои се наоѓа  Мона Лиза -  славниот портрет на ренесансниот сликар од Фиренца - Леонардо да Винчи. Потоа се упатуваме кон Ајфеловата кула (со метро, влезницата се доплаќа). Можност да уживате во неверојатната панорамска глетка на Париз. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
 
4 ден (19.03.2020 Четврток) Париз – Монмартр – Сакре Кер – Фрагонард
Појадок.По појадокот можност за прошетка по Монмартр со метро и придружба на локален водич. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз.Попатно се посетува и плоштадот на уметниците. Прошетка до кабаре бар Moulin Rouge и можност за прошетка низ познатата улица Пигал. Планирана е посета на еден од музеите за парфеми Фрагонард – синоним за ексклузивност и луксуз ,каде се создаваат парфеми со комбинирање на традиционалните техники и најмодерните методи од 1926 година. Една несекојдневна можност да откриете некоја од тајните на веќе докажаните и неодоливи парфеми. Можност за шопинг и индивидуални активности.Враќање во хотел.Ноќевање.
 
5 ден (20.03.2020 Петок) Париз – Бове - Скопје
Појадок. По појадокот заминување со метро кон најголемиот облакодер Монтпарнас – висок 210 метри,која се наоѓа во областа Монтпарнас,кој бил изграден од 1969 – 1973 година од која се овозможува прекрасен поглед на Париз.Со најбрзиот лифт во Европа имате можност за помалку од минута да се искачите на врвот од кулата.Од надворешната опсерваторија достапна од 56 – от кат се нуди сосема поинакво доживување  каде јасно можете да видите повеќе од 40 км.Ова е најдобар начин да се откријат метрополи како што е Париз од високо ниво.Далеку над метежот и вревата можете да застанете на самиот покрив на главниот град . Слободно време за прошетки и индивидуални активности до пред трансфер од хотел до аеродромот Beauvais.Лет со WIZZAIR (лет W6 7720) за Скопје во 21:15 часот.Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

Во цената е вклучено:

  • директен лет на релација Скопје – Париз– Скопје со Wizzair;
  • аеродромски такси;
  • мала кабинска торба до 8 кг (40 x 30 x 25 см);
  • организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • сместување во Хотел 3* на база 4 НП;
  • организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • организација и водство  на аранжманот.

 
Во цената не е вклучено:

  • туристичка такса – 4 евра од ден по лице;
  • билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро – 14,1 евра (билетите ги купуваат клиентите сами директно во Париз);
  • Панорамски разглед на Париз со локален водич - 25 €;
  • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат - 22 €, до трет кат - 30 € (со лифт);
  • Крстарење со брод по Сена - 15 €;
  • Посета на Версај – 60 евра со вклучена влезница + трансфер со железница+локален водич;
  • Посета на Лувр – 40  евра со вклучена влезница + локален водич;