АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Авионски програми - Истанбул - три ноќи
Истанбул - три ноќи

Where to Stay in Istanbul (Best Areas and Places) - Goats On The Road

Истанбул е Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното.  Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

 

План и програма: 20.03. - 23.03.2026

 

1. Прв ден - 20.03.2026 (петок)

Летот е во 09:15 часот,состанок на групата (2 часа пред лет) на Скопскиот Аеродром. По слетувањето во Истанбул 12:50 часот, поаѓање кон хотел-организиран трансфер, сместување. Време за одмор околку 2 часа. Состанок на групата во договорено време пред хотел и упатување кон реализација на  пешачката тура,која вклучува посета на Капали Чаршија, плоштадот кадешто се нашоѓаат Аја Софија и Сината Џамија. (Влегувањето во Аја Софија е индивидуано бидејќи влезница е околу 30 евра, влегување во Сината џамија групно.)

По завршување на пешачкат тура се враќаме во хотелот,време за одмор и во вечерни часови можност за организација на Турска вечер со доплата.

Враќање во хотел.
Ноќевање.

 

2. Втор ден - 21.03.2026 (сабота)

Појадок.

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Областа Таксим
Турата завршува со посета на областа “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња.

 

3.Трет ден -22.03.2026 (недела)

Појадок.

Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време состанок на групата пред хотел. Се упатуваме кон реализација на целодневни факултативни излети.

Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.

Палатата Ќучуксу
Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.
Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.
Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.
Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.

Кадиќој
Ќадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.
Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.
Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.
Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.

Чамлиџа-џамија
Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии  во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.

Враќање кон хотел.
Ноќевање.

 

4.Четврти ден-23.03.2026 (понеделник)

По појадокот во хотелот следува одјавување од хотел. По самото одјавување групата има слободно време за индивидуални активности. Во договорено време  враќање  во хотелот си ги подигнувате куферите од рецепција и уплатување кон Аеродром, летот е во 20:15 часот (2 часа порано на Аеродром), пристигање во Македонија во 12:45 часот.

 

Цена на аранжманот: 409 eur / 25,358 ден

Сместување во Хотел со 3*

 

Во цената е вклучено:

Директен лет на релација Скопје –Истанбул- Скопје

Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )

Голем куфер од 23кг

Три ноќевања и појадок во хотел со 2 или 3*

Туристички придружник

Аеродромска такса

Факултативни излети

*Балат и Областа Таксим

*Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Палатата Ќучуксу, Кадикој, Чамлица Џамија

Организиран трансфер од Аеродромот во Истанбул до хотел и назад

*Балат и Областа Таксим

Организиран трансфер од Аеродромот во Истанбул до хотел и назад

 

Во цената не е вклучено:

Индивидуални трошоци

Патничко осигурување

 

Важно:

Задолжителна проверка на пасошот.

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.

За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.

СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА  РАЧЕН БАГАЖ.

Деца до 11,99 години плаќаат 299 евра доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.