АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Athos - Apart Hotel Lazaridis - Nea Roda
Apart Hotel Lazaridis - Nea Roda

Најголем попуст за предвремена резервација и целосна уплата заклучно со  19. Декември 2025:

-25 % попуст за првата и последната смена во сите вили

-20 % попуст за втората смена во сите вили

-15 % попуст за третата смена во сите вили

-За сите останати смени попустот е 10 %

 

На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ во кој располагаме со трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје и прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот.Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“има рецепција, сеф, снек бар, прекрасна тераса која можат да ја користат сите гости на хотелот, а во хотелот има можност за појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа Voulitsa“ која уштена првата средба ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа Komitsa, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.

 

Термин: Ноќевања: 1/2студио 1/2+1студио
26.05-05.06.2026 10 250€ (15.500) 300€ (18.600)
05.06-15.06.2026 10 350€ (21.700) 400€ (24.800)
15.06-25.06.2026 10 450€ (27.900) 500€ (31.000)
25.06-05.07.2026 10 550€ (34.100) 600€ (37.200)
05.07-15.07.2026 10 650€ (40.300) 700€ (43.400)
15.07-25.07.2026 10 680€ (42.160) 730€ (45.260)
25.07-04.08.2026 10 680€ (42.160) 730€ (45.260)
04.08-14.08.2026 10 680€ (42.160) 730€ (45.260)
14.08-24.08.2026 10 680€ (42.160) 730€ (45.260)
24.08-03.09.2026 10 600€ (37.200) 650€ (40.300)
03.09-10.09.2026 7 400€ (24.800) 450€ (27.900)
10.09-17.09.2026 7 300€ (18.600) 350€ (21.700)
17.09-24.09.2026 7 200€ (12.400) 250€ (15.500)


Напомена

- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио (апартман) без вклучен превоз
- Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по LAST MINUTE понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
- Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по EARLY BOOKING цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14:00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09:00 часот по локално време
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари