АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Metamorfosi - Vila Lina
Vila Lina

Метаморфоси, вашата дестинација за целосно исполнување на вашите очекувања за
заслужениот одмор во Грција. Уживајте во привлечноста на кристално чистото Егејско Море,
живописните плажи и паркови како и локалната култура. Со својата раскошна понуда на
хотели, ресторани и активности, Метаморфози ќе ве трансформира во вистински љубител на
грчкиот начин на живот.

Вила ЛИНА е во срцето на Метаморфози, каде и да одите морате да поминете од тука! Со
својата извонредна местоположба на само 50 метри од песочната плажа ви нуди прекрасно
сместување на самата обала. Со различните видови студија и апартмани, гостите можат да
уживаат во пространите тераси, од кои повеќето нудат незаборавен поглед кон синото море
или на живописниот градски парк.
Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им
овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса,
телевизори, WI-FI и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што го
прави престојот во Вила Лина не само удобен, туку и безгрижен.

 

ТЕРМИН ОД: НОЌИ 1/3 Студио (море) 1/4 Студио (море) 1/4 Апартман (странично море) 1/4 Апартман (море) 1/4 Дуплекс
23.05 7 199 219 249 259 269
30.05 7 269 299 319 369 379
6.06 7 329 379 409 439 459
13.06 7 389 429 459 489 519
20.06 7 439 479 509 549 579
27.06 7 489 509 559 629 659
4.07 7 519 549 619 659 679
11.07 7 549 589 649 679 699
18.07 7 569 619 669 699 739
25.07 7 569 619 669 699 739
1.08 7 569 619 669 699 739
8.08 7 569 619 669 699 739
15.08 7 569 619 669 699 739
22.08 7 529 559 619 659 699
29.08 7 439 479 539 569 629
5.09 7 369 389 449 459 519
12.09 7 279 309 369 379 429
19.09 7 239 259 279 299 329
26.09* 7 189 219 239 259 269

НАПОМЕНИ:

• Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања.

• Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лица кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).

• Туристичката такса се плаќа во агенција.

• Сместувањето во собите е после 14:00 часот по локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот по локално време. • Агенцијата не презема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата. • Плаќањето се врши во денарска противвредност каде 1 евро = 62,00 денари.

• Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра).

 

ПОПУСТИ:

• За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања се одобрува вкупен попуст од 5%.
• Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.
• Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

• За сигурна резервација задолжителна е уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, а целосната уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот.

 

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА:

• Уплата на 50% од износот на аранжманот.
• Доплата најдоцна до датумот на истекување на попустот за рана резервација.
• Резервации направени или платени по рокот за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

 

ПРЕВОЗ:

• Превозот со автобус се врши до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина.
• Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
• Распоредот на седење во автобусот го прави агенцијата 2 дена пред поаѓањето.
• Плаќањето превоз значи загарантирано седиште, а за резервација на одредено седиште се доплаќа 10 € по лице. Првиот ред • резервиран за персоналот.

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ: Скопје – Халкидики – Скопје

• 50 € возрасни (повратен билет)
• 40 € возрасни (еден правец)
• 40 € деца од 2 – 12 години (повратен билет)
• 35 € деца од 2 – 12 години (еден правец)
• Бесплатно за деца до 2 години (без седиште)