АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
МАЈСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
Истанбул
A Long Weekend in Istanbul: The Ultimate 3-Day Itinerary
Истанбул е Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
 
 
План и програма: 13.02. - 16.02.2026
 
13.02.2026 (петок)
Состанок на групата во догооврено време (2 часа пред лет) на Скопскиот Аеродром. Полетување од Скопје 09:15ч Слетување во Истанбул 12:50ч по локално турско време По слетувањето во Истанбул, поаѓање кон хотел-организиран трансфер, сместување. Време за одмор околку 2 часа. Состанок на групата во договорено време пред хотел и упатување кон рерализација на пешачката тура.Враќање во хотел , време за одмор и подготовка за турската вечер . Ноќевање.
 
14.02.2026 (сабота)
Појадок. Балат Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички. Областа Таксим Турата завршува со посета на областа “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња.
 
15.02.2026 (недела)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време состанок на групата пред хотел. Се упатуваме кон реализација на целодневни факултативни излети. Крстарење по Босфор 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Бејлербеи Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали. Палатата Ќучуксу Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов. Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година. Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни. Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј. Кадиќој Ќадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море. Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот. Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници. Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе. Чамлиџа-џамија Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии во Истанбул. Пауза за уживање и фотографирање. Враќање кон хотел. Ноќевање.
 
16.02.2026 (понеделник)
По појадокот во хотелот следува одјавување од хотел. По самото одјавување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува својот пешачки разгледе,oдносно се уплатуваат на пешачка тура, која вклучува посета на Капали Чаршија, плоштадот кадешто се нашоѓаат Аја Софија и Сината Џамија. (Влегувањето во Аја Софија е индивидуано бидејќи влезница е околу 30 евра, влегување во Сината џамија групно.) Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време враќање заедно до хотел, си ги подигнувате куферите од рецепција и уплатување кон Аеродром. Полсетување од Истнабул 20:15 ч по локално турско време Слетување во Скопје 19:45ч.
 
РЕДОВНА ЦЕНА - 459 EUR
ПРОМОТИВНА ЦЕНА - 409 EUR
 

Во цената е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје –Истанбул- Скопје
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
  • Голем куфер од 23кг
  • Три ноќевања и појадок во хотел со 2 или 3*
  • Туристички придружник
  • Аеродромска такса
  • Екскурзии
  • *Балат и Областа Таксим
  • *Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Палатата Ќучуксу, Кадикој, Чамлиџа Џамија
  • Организиран трансфер од Аеродромот во Истанбул до хотел и назад

Во цената не е вклучено:

  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување

 

Важно

Задолжителна проверка на пасошот.

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.

За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.

СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА  РАЧЕН БАГАЖ.

Деца до 11,99 години плаќаат 299 евра доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на екскурзиите и програмата и истиот може да го промени редоследот на екскурзиите или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.


Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.