Nea Potidea - Vila Haus Litea
Vila Haus Litea

House Lithea се наоѓа во Неа Потидеа, првото населено туристичко место на Халкидики, првиот крак Касандра на околу 65 км оддалечено од Солун. Мало селце, познато по туризам и риболов, погодно за оние кои сакаат мир и тишина и идеално за фамилијарен одмор. Местото изобилува со различни таверни и ресторани во кои се подготвува традиционална грчка кујна.

GPS Координати40.1887778, 23.3391111

Плажа
Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња.


Опис на објектот
Вилата е составена од два објекти А и Б.
Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани.

За секое студио/апартман следуваат 2 лежалки и еден чадор на плажа – гратис.

1/3 студио: Во една просторија кујна и три стандардни кревети.
1/4 апартман: Во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети


-10% попуст за резервација и уплата 100% до 28.02.2020

Early booking понудата е за определен број на соби

Цените се по студио/апартман за 7 ноќевања

 

период

ноќевања

1/3 студио

1/4 апартман

16.05 – 23.05

7

59 € *

79 € *

23.05 – 30.05

7

89 € *

99 € *

30.05 – 06.06

7

130 €

140 €

06.06 – 13.06

7

150 €

170 €

13.06 – 20.06

7

170 €

220 €

20.06 – 27.06

7

200 €

260 €

27.06 – 04.07

7

280 €

320 €

04.07 – 11.07

7

290 €

360 €

11.07 – 18.07

7

320 €

380 €

18.07 – 25.07

7

340 €

440 €

25.07 – 01.08

7

360 €

440 €

01.08 – 08.08

7

360 €

440 €

08.08 – 15.08

7

360 €

440 €

15.08 – 22.08

7

340 €

420 €

22.08 – 29.09

7

320 €

380 €

29.09 – 05.09

7

300 €

350 €

05.09 – 12.09

7

190 €

260 €

12.09 – 19.09

7

140 € *

190 € *

19.09 – 26.09

7

100 € *

140 € *

 

Цените се во €, плаќањe во денарска противвредност 1€ = 62 денари

Услови за “early booking”За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

Цените обележани со*се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања во студио или апартман,(по избор)
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет
Сопствена плажа
2 лежалки и чадор за секоја соба


Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

ОРГАНИЗИРАМЕ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ со доплата :

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (Сабота):

  • 03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес4 0€ по лице
  • 04:00 hСкопје (Дрводекор) 35€ по лице
  • 04:30 hВелес (бензинска мотел Македонија)35€ по лице
  • 05:00 hНеготино (бензинска Неготино) 35€ по лице
  • 05:00 hСтрумица (бензинска Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово 40€ по лице
  • 05:40 hУдово (бензинска Удово) 35€ по лице
  • 06:00 hГраничен премин (бензинска Шимов) 35€ по лице

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики (Сабота):

  • 05:00 hБитола (Пред спортска Сала) 30€ по лице
  • 04:15 hПрилеп (бензинска Салида) -Трансфер до Битола 30€
  • 15 hСтруга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола 35€ по лице
  • 03:45 hКичево (бензинска Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола 35€ по лице
  • 03:30 hОхрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола 35€ по лице
  • 15 hРесен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола 30€ по лице


Попусти и доплати за деца

  • Деца од 2 до 11,99 години: попуст од редовната цена 15€ од Битола и 10€ од Скопје
    Деца до 1,99 години – Бесплатно
    Возрасно лица над 63 год – попуст од 10€

Време на поаѓање од Неа Потидеа: 14:30h (локално време )
(можни се доцнења во сезона заради густината на сообраќајот)
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот .
– Сместување во собите е после 14 часот (локално време),
– Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
– За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман ( не се комбинира)
– Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
– Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
Попустите не може да се комбинираат,
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Предлог посета на места:

Доколку сакате да уживате во убавините на белата песок, мирното море и денските забави на само 16km од Неа Потидеа се наоѓа Sani Beachплажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетилаСе работи за одлично организирана плажа, која неколку пати добивала „сино знаменце“. Многу често, на оваа плажа се организираат забави со познати диџеи. За младите кои што сакаат ноќни забави на 20km од Неа Потидеа се наоѓаат најдобрите летни ноќни клубови во пошироката област на Халкидики, Night Club Pearl и Ahoy Summer Night Club на 2km од Калитеа. Ветуваат незаборавни ноќи за време на Вашиот престој на Халкидики. Меѓународните и Грчките хитови за денс музика ветуваат врвна забава која трае до утрото. Влезницата е 10€. Исто така не пропуштајте да го посетите најубавото гратче на Халкидики- Афитос, кое е одалечено 16km од Неа Потидеа. Афитос се разликува пo својата архитектура, камените куќи, неколкуте цркви, традиционалните таверни и улиците со калдрма.