ПРВ ДЕН (05.04.2025) Сабота
Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 06:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Белград околу 12 часот. Слободно време за индивидуална прошетка низ Стар Белград, улица Кнез Михајлова, Тврдина Калемегдан, Плоштадот на републиката… Сместување во хотел. Слободно време за уживање и индивидуални активности.
ВТОР ДЕН (06.04.2025) Недела
По појадокот, можност за денско крстарење (факултативно), или посета на најпопуларните модерни згради во Белград, познати како Белград на вода, или трговскиот центар Ушче. Во договорено време тргнување кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.
Што е вклучено во цената
1 ноќевањe во хотел со појадок
Автобуски превоз од Скопје и Куманово
Посета на наведените локации на програмата
Лиценциран придружник
Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Туристичка такса
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Крстарење – 25 евра по лице
Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на и СКТМ