ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Nea Flogita - Vila Katerina Lux
Vila Katerina Lux

Вила ,,Katerina Lux'' е лоцирана во центарот на Неа Флогита, во близина на вилите ''Maria'' и ''Corfu'', веднаш позади најголемата слаткарница ,,SWEET BEACH'' на околу 70 м. од плажа. Вилата располага со два 1/6 дуплекси (дневен престој, две оделени спални соби, во првата француски лежај во втората два одделни кревети, комплетно опремена кујна, WC и голема тeраса). Користење на клима уредот е вклучено во цената. Туристичка такса се плаќа во вилата – 4 евра од ноќ.

 

Термини Бр. ноќевања 1/6 ДУПЛЕКС
23.05.2026 7 199
30.05.2026 7 310
06.06.2026 7 470 полно
13.06.2026 7 580 полно
20.06.2026 7 620 полно
27.06.2026 7 710 полно
04.07.2026 7 800 полно
11.07.2026 7 880
18.07.2026 7 880
25.07.2026 7 900
01.08.2026 7 900
08.08.2026 7 900
15.08.2026 7 870
22.08.2026 7 800
29.08.2026 7 670
05.09.2026 7 600
12.09.2026 7 480
19.09.2026 7 270

 

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

 

3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)

За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)

Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

Услови под кои важи аранжманот

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата

  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

 

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

 

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.