ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Nea Flogita - Vila Stela
Vila Stela

Вила СТЕЛА е лоцирана во близина на игралиштето на Неа Флогита 50 метри од плажа, со поглед на море. Апартманот е 6-креветен на први спрат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен и единечен кревет од која се излегува на тераса, купатило, дневна соба со три единечни кревети, во истата просторија е кујната - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса со поглед на море. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Користење на клима уредот е вклучено во цената.

Туристичката такса се плаќа во агенцијата - 2€ од ноќ.

 

Термини Бр. ноќевања 1/6 Апартман
23.05.2026 7 170 промо полно
30.05.2026 7 270
06.06.2026 7 370 полно
13.06.2026 7 470
20.06.2026 7 570 полно
27.06.2026 7 630
04.07.2026 7 730
11.07.2026 7 770
18.07.2026 7 770
25.07.2026 7 810
01.08.2026 7 810
08.08.2026 7 810
15.08.2026 7 770
22.08.2026 7 620
29.08.2026 7 570
05.09.2026 7 480
12.09.2026 7 370
19.09.2026 7 220

 

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

 

За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)

За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)

Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

Услови под кои важи аранжманот:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата

  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената

  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.